2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb се насочува кон транспортот

Airbnb се насочува кон транспортот

„Airbnb“ се подготвува да додаде транспортни опции во својата линија на туристички услуги. Ова се случува во време кога компанијата бара нови можности за раст надвор од својот основен бизнис со изнајмување домови, објави „Ројтерс“.

Од „Airbnb“ изјавија дека ангажирале ветеранот од авиоиндустријата во лицето на Фред Рид, кој веќе е глобален раководител за транспорт. Ова го означува најјасниот чекор на компанијата во спроведувањето на планот кој траеше две години.

На крајот на 2016-та година „Airbnb“ откри дека сака да стане платформа за целосен број туристички услуги и навести дека сака да додаде транспортна услуга за патниците, која може да биде резервирана во исто време, како и местото за ноќевање.

„Airbnb“ потоа додаде опции за патувања и активности, резервации за ресторани, луксузни домови и традиционални хотели.

Главниот извршен директор Брајан Чески рече дека авионските билети нема да бидат додадени на оваа листа.

„Не се интересираме за изградба на наша авиокомпанија или во создавањето на уште едно место на интернет, од кое можеш да купиш авионски билети, но има огромни можности за подобрување на патувањето на секој“, коментира тој.

Компанијата не откри детали за својот нов план, но извор запознат со ова прашање изјави дека ќе соработува со добавувачите за да ги понудат своите транспортни услуги. Со ова може корисниците да дојдат до автобуските оператори, таксисти, локалните возачи, па дури и чамци.

Ова сериозно проширување на „Airbnb“ е обид да се претвори компанијата во место за патување, каде што сè е најважно.

Новите бизнис линии се клучни за континуираниот раст на „Airbnb“, бидејќи нејзиниот традиционален бизнис со имот за домување се забавува, а стотици прописи ги погодија краткорочните имоти во клучните области на метрополите, како Сан Франциско и Њујорк Сити. „Airbnb“ е обвинета дека има влијание врз цените на куќите на голем број пазари.

Сепак, нејзината цел е потрошувачите да го резервираат секој дел од своето патувања, а самата компанија ќе добие дел од секоја трансакција и со тоа ќе го зголеми својот приход.

Во меѓувреме, „Airbnb“ се подготвува за иницијална јавна понуда во оваа година, а инвеститорите ќе се фокусираат на својот раст кога ќе одлучат како да ја вреднуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП