3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдинбург е првиот британски град, кој воведува данок за туристите

Единбург е првиот британски град, кој воведува данок за туристите

Шкотскиот главен град Единбург ќе стане првиот британски град, кој воведува туристички данок во обид да управува подобро со последиците од зголемениот број на посетители и зголемувањето на вработеноста во хотелите, објавија локалните власти, цитирани од „Ројтерс“.

Единбург, кој е еден од најживописните британски градови, бил посетуван од просечно 1,75 милиони странци годишно меѓу 2015-та и 2017-та година, што го претвора во вториот најпосетуван град во Велика Британија по Лондон.

Вработувањето на хотелите беше највисоко меѓу британските градови во 2017-та година со просек 83,7%.

Локалните власти соопштија дека ќе ги користат средствата од данокот од 2 фунти (2,60 долари) од „соба за ноќ“ за подобрување на објектите и подоброто управување со градот, слично на другите европски градови како Барселона и Рим.

Туристичкиот данок сепак е непопуларен меѓу некои компании. Анкетирањето на локалните власти потврди дека само 51% од провајдерите за сместување ја поддржуваат идејата, која треба да биде одобрена и од шкотскиот парламент.

„Сега не е вистинскиот момент за нов данок и уште бирократија за малите компании“, изјави на „Twitter“, Гери Кларк, шеф на Федерацијата на малите бизниси.

Асоцијацијата на хотели исто така, изрази загриженост од новиот данок за туристите во овој чувствителен момент за економијата.

Во Единбург e карпест град со дворец во центарот на градот, кој се наоѓа на неактивен вулкан. Во градот живеат половина милион луѓе и во него се одржува 60-годишен меѓународен уметнички фестивал во август, кој привлекува огромен број посетители.

Минатата година над три милиони луѓе ги посетиле трите летни фестивали во шкотскиот главен град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП