26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Грција падна до 18,5%

Стапката на невработеност во Грција падна до 18,5%

Стапката на невработеност во Грција е намалена до 18,5% во ноември 2018-та година од 21,1 отсто пред една година.

Сезонски прилагодените податоци исто така покажаа месечен пад во споредба со октомври 2018-та година, кога невработеноста изнесуваше 18,7%.

Во мај невработеноста во Грција падна под 20% за прв пат по седум години, откако скокна до рекордни вредности за време на финансиската криза во 2010-та година, кога земјата беше принудена да побара спасувачка помош од ЕУ и да спроведе мерки за штедење.

Во мај 2008-ма година стапката на невработеност беше 7,3 проценти, а во јули 2013-та година таа скокна до 27,9%. Грција излезе од својата трета и последната програма за спасување во август минатата година.

Европската комисија (ЕК) прогнозира дека грчката економија ќе продолжи да расте, а БДП-то на земјата ќе се зголеми за 2,2% во 2019-та година и за 2,3% во 2020-та година, а за минатата година растот се очекува да биде 2,%.

Прогнозите на ЕК за 2019-та година и 2020-та година се благо зголемени во однос на објавените податоци во есента 2018-та година.

Сепак, Комисијата нагласува дека економското закрепнување на земјата силно зависи од продолжувањето на реформите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП