26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј: Брегзитот ќе заврши навреме

Меј: Брегзитот ќе заврши навреме

Британската премиерка, Тереза Меј, по разговорите со лидерите на Европската Унија, рече дека брегзитот ќе заврши навреме.

И покрај темелните разлики за тоа дали нацрт-договорот што Меј го преговараше со ЕУ треба да биде сменет за да се одговори на забелешките на британските пратеници, Меј вети дека ќе успее да го оствари зацртаниот датум за излез од Унијата – 29 март.

Меј рече дека тоа нема да биде лесно.

„Напорно ќе преговарам во текот на следните денови“, кусо изјави Меј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП