9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДовербата на италијанските потрошувачи над очекувањата

Довербата на италијанските потрошувачи над очекувањата

italija1

Довербата на италијанските потрошувачи во јуни се зголеми над очекувањата, достигнувајќи највисоко ниво во последните 15 месеци под влијание на подобрените очекувања за италијанската економија, покажаа најновите податоци.

Индексот за довербата на потрошувачите кој го изработува Државниот завод за статистика „ISTAT“ во јуни се зголеми на 95,7 поени, од ревидираните 86,4 поени во мај.

Портпаролот на „ISTAT“ предупредува дека подобрувањето е резултат на промената на примерокот на испитаниците, кои според неговите зборови, сега „подобро ја отсликуваат реалноста во земјата“.

Под-индексот кој ги мери очекувањата на потрошувачите за економијата, во јуни се зголеми на највисоко ниво од јуни 2011 година, на 91,6 поени, од 71,7 поени колку што изнесувше во мај. Индикаторот за очекувањата поврзани за личните финансии е зголемен од 92,0 на 97,7 поени.

Под-индексот кој ја оценува моменталната ситуација е зголемен на 92,6 поени, од 90,1 поени во претходниот месец, а индикаторите за прогнозата за наредниот период се зголемија на 99,1 поени, од претходно забележаните 81,4 поени.

Личната потрошувачка и отежнува на италијанската економија подолг временски период, таа повеќе од една деценија е една од најбавните во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП