18 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОднесувањето кое не ве води до работа

Однесувањето кое не ве води до работа

Да бидеме реални, денес навистина е тешко да се добие шанса за разговор за работа. Прочитајте што никако не смеете да направите доколку сакате да му се допаднете на работодавецот и да поминете во следната фаза.

Не одете неподготвени

Пред да одите на интервјуто за разговор дознајте нешто повеќе за политиката на таа компанија со цел да знаете да одговорите на прашањата поврзани за нивното работење. Дури и ако не ве прашаат, дадете им некој комплимент или спомнете нешто од нивното работење што кај вас оставило добар впечаток.

Облечете се соодветно

Облеката не го прави човекот, но првиот впечаток е многу важен. Затоа потрудете се да оставите добар впечаток, облечете се уредно и прикладно. Избегнувајте ги мини здолништата, шарените фустани, деколтето, нападните бои и сл.

Не доцнете

Не само што не смеете да задоцните, туку не смеете ниту да отидете во точното време, одете некоја минута порано од договорениот состанок. Проверете го времето, гужвата во градот… со цел навремено да стигнете.

Не ги критикувајте претходните работодавци

Без оглед колку не сте се сложувале со поледниот работодавец, тој не смее да биде тема на муабет со новиот работодавец. Особено се штетни фразите во кои го искажувате вашето незадоволство и омраза кон него, избегнете го тој муабет, тоа е непрофесионално.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП