27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПауел: Американската економија е во добра форма

Пауел: Американската економија е во добра форма

Претседателот на ФЕД, Џером Пауел направи кратка, но позитивна оценка за американската економија, нагласувајќи ја својата добра состојба.

„Американската економија сега е во добра состојба“, изјави Гувернерот за време на образовен настан во седиштето на финансиската институција во Вашингтон.

„Во моментов невработеноста е ниска, цените се блиску до 2-процентна инфлација, па ние сме во добра состојба“, рече тој, цитиран од „Bloomberg“.

Во последните недели централната банка на САД ја омекна својата позиција во однос на политиката за зголемување на каматните стапки, испраќајќи сигнал дека има намера во иднина да биде трпелива. Ова, за возврат е контраст на значителната позиција на ФЕД од декември, кога економистите на банката прогнозираа две зголемувања на каматите во 2019-та година.

Промената во политиката ја одразува загриженоста дека побавниот светски раст, ограничените финансиски услови, несигурноста околу американско-кинеските трговски односи и „Brexit“ претставуваат ризик за позитивните прогнози на банката за американската економија.

„Имавме некои големи настани, некои изненадувања, како „Брексит“ … но системот е силен“, додаде тој.

Заменик-претседателот на ФЕД за прашањата на банкарската супервизија Рандал Куарлс исто изјави давајќи слична дефиниција за американската економија.

„Прогнозата е сé уште прилично стабилна“, рече тој по говорот во Њујорк. Според неговите зборови, пазарот на трудот е исто така во добра форма и инфлацискиот притисок останува слаб.

Тој, исто така, додаде дека глобалните ризици претставуваат најзначајна закана за предвидувањата. „Ова е она што ќе го разгледам во следните шест месеци“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП