19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблаците над Германија се згуснуваат по неочекуваниот пад во индустриското производство

Облаците над Германија се згуснуваат по неочекуваниот пад во индустриското производство

Индустриското производство во Германија неочекувано се намали четврти месец по ред во декември, зголемувајќи ги стравувањата дека привремените неуспеси на најголемата европска економија можат да се покажат подолги, соопштува „Bloomberg“.

На месечна основа, во декември е забележан пад од 0,4%.

Слабата побарувачка и бизнис расположението играат огромна улога во инерцијата, а неочекуваното намалување на фабричките нарачки во земјата на крајот на минатата година е сигнал и за идните предизвици.

„Поради намалувањето на нарачките и показателите за бизнис климата, инертноста во индустријата ќе продолжи да се намалува“, изјавија од Министерството за економија во Германија.

Од објавените податоци, станува јасно дека најголема улога за забележаниот пад има намалувањето кај градежната продукција со 4,1%. Индустријата се стабилизира, при што инвестициските производи пораснаа за 0,9%.

На годишна основа индустриското производство се намалува за 3,9% во декември, по пад од 4% во ноември.

Додека производството на автомобили започна да се обновува во позадина на „битката“ со новите стандарди за проверка на штетните емисии, кои ја испратија Германија на работ на рецесија, последните студии за бизнисот покажуваат дека економијата останува ранлива.

Индексот на нарачки, објавен претходно оваа недела, покажа дека активноста во индустријата се намалува за прв пат по четири години во почетокот на 2019-та година. Економистите од „Deutsche Bank“ дури очекуваат економијата да се намали во текот на овој квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП