10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на еврото во однос на доларот

Пад на еврото во однос на доларот

Курсот на еврото денеска ослабна во однос со доларот на меѓународните пазари, притиснат од најновите вести од германската економија за падот на индустриското производство четири месеци по ред.

Еврото утрово ослабна за 0,2 отсто во однос на доларот и со него се тргува со 1,1346 долари, што е најниска цена во изминатите две недели, а по неочекуваниот пад на германското индустриско производство 4 месеци по ред.

Според последните податоци, индустриското производство во најголем дел од европските економии во декември паднало за 0,4 отсто, по ревидираниот 1,3 постотен пад во ноември. Според аналитичарите, очекувањата биле дека ќе има раст од 0,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП