13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad инвестира 50 милиони долари во JAT Airways

Etihad инвестира 50 милиони долари во JAT Airways

etihad1

Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати „Etihad“ е подготвена за купување на 49 проценти од „JAT Airways“, со што, само во оваа година планира да инвестира помеѓу 40 и 50 милиони долари, а освен за купувањето на авиони од типот „Erbas“ на лизинг, размислуваат и за купување на авиони од типот „Bombardier“.

За понудата на „Etihad“, која експертите од авиосообраќајот ја оценуваат како многу коректна, Владата на Србија би требало да се изјасни до средината на јули, пренесува белградскиот дневен весник.

Весникот наведува дека само во оваа година „Etihad“ ќе инвестира меѓу 40 и 50 милиони долари во „JAT“. До крајот на годината ќе пристигнат и авионите на „Erbas“, а се размислува и за допoлнителна набавка на авиони.

Според весникот, комплетната обнова на флотата на „JAT“ трeба да започне во последниот квартал од оваа година, така што ќе биде реализирана набавка на 10 авиони од „Erbas“ на лизинг, а постоечкиот тип на авиони од „Boeing“ ќе останат во сопственост на Србија, која може да ги продаде и од тоа да оствари приход од околу дваесет милиони долари.

Постојните авиони од типот „ATR“ би биле заменети со авионите од „Bombardier“ и тоа со четири или пет авиони. Белградскиот весник објави дека ниту едната ниту другата страна не сакаат деталите да се изнесуваат во јавност, тие шпекулираат дека „Etihad“ од 1 октомври го превзема раководството на српската авиокомпанија.

Според предлогот на „Etihad“, Србија би требало да ги превземе долговите на „JAT“, и да обезбеди социјална програма за вишокот вработени, а според проценката на авиокомпанијата од Емирати доволно би било од „JAT“ да зaминат 250 до 300 работници, а не 600 како што претходно се шпекулираше во домашните медиуми, наведува весникот.

Од 1 октомври „Etihad“ и државата Србија ќе ја делат загубата или добивката на „JAT“, се вели во весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП