26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСекој ден ги допирате овие неверојатно валкани предмети!

Секој ден ги допирате овие неверојатно валкани предмети!

Повеќето луѓе се трудат да живеат во што почиста и поздрава околина, па затоа водат сметка за хигиената на многу предмети во домот. Сепак, некои нешта едноставно се забораваат.

Овие неколку работи кои ги допирате речиси секој ден на нив имаат царство од бактерии, внимавајте кога ракувате со нив и редовно одржувајте ги чисти со цел да го заштитите вашето здравје.

Слушалки

36195_20100524_public_shutterstock__Di002634863_630x0

Слушалките се познати по тоа што на нив се наталожуваат вишокот бактерии од потта и восок од ушите.

Кујнски сунѓер

13781_sudopera-shutterstock_56698084_630x0

На кујнскиот сунѓер може да се најде ешерикија коли, салмонела и други болести кои се развиваат од остатоците од храна. Менувајте го еднаш неделно.

Шише за вода

18706_voda-02_shutterstock_81172057_630x0

Колиформните бактерии често се наоѓаат во шишињата за вода доколку тие редовно не се чистат и менуваат.

Пешкири

56639_profimedia0029438715_630x0

Мртвите клетки од кожата кои можат да предизвикаат инфекција од стафилокока се наталожени на пешкирите откако тие ќе се исушат.

Четка за заби

60235_shutterstock-174030251_630x0

Секој пат кога ќе пуштите вода во WC школката, бактериите се разлетуваат низ целата бања. Држете ги четките за заби што подалеку или чувајте ги во стерилни кутии.

Алишта

13460_ves-03-foto-shutterstock_23033923_630x0

Секој пат кога се занимавате со перење алишта доаѓате во допир со бројни бактерии.

Количките од маркетот

32003_shutterstock_21772933_630x0

На нив се наоѓа цело царство од бактерии. Плунка, бактерии, па дури и фекална материја може да дојде во допир со вас, по користењето задолжително измијте ги рацете.

Мени во ресторан

67448_profimedia0007446819_630x0

Менито по цел ден стои на масата и не се чисти редовно. Илјада луѓе оставаат своја трага на него, па затоа гледајте кратко време да бидете во контакт со него.

Даска за сецкање

65101_daska-shutterstock-150531992_630x0

Даските за сецкање се совршено место за мувла и бактерии, затоа пред и по употреба задолжително измијте ги.

Перници

52864_shutterstock-96006176_630x0

Секоја ноќ спиете на мешавина од бактерии. Мртви клетки од кожата, исцедок од носот, плунка и уште неколку заразувачи кои демнат, менувајте ја почесто постелнината.

Телефони

6366_shutterstock_44316991-ide_630x0

Мобилните телефони, доколку не ги чистите секојдневно, на себе имаат армија од бактерии. Одржувајте го вашиот телефон чист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП