4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Паметните технологии во функција на намалување на загадувањето

ССК: Паметните технологии во функција на намалување на загадувањето

Здружена акција на приватниот и јавниот сектор за побрза транзиција и замена на старите возила со електричини чија мисија на јаглерод диоксид е нула проценти, итно справување со нелеганите бизниси за отпад, како и промовирање на стандардот за пасивни куќи кој претставува највисок енергетски стандард и ја намалува потрошувачката на енергија за греење до неверојатни 90%, се трите аспекти кои согласно анализите ќе влијаат долгорочно на намалување на загаденоста на воздухот, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Потпретседателот на Сојузот, Александар Милошевски, изјави дека согласно податоците на Меѓународната агенција за енергетика, објавени минатата година, за една година бројот на електрични превозни средства на светско ниво пораснал рекордно на 3,1 милиони возила, а се предвидува до 2030 година да има раст од 125 до 220 милиони електрични возила во светот.
Вториот аспект кој во голема мера ќе го намали загадувањето е итно справување со нелеганите бизниси за отпад, каде без дозвола се гори, не се следат никакви стандарди и не се знае каде се испуштаат непознати материи во воздухот и во почвата.

Според анализите, за решение на долг рок со употреба на паметните технологии треба да се поттикнува и градбата по стандардот за пасивни куќи кои претставуваат опција за нова и технолошки напредна градба, како во резиденцијални, така и во комерцијални и институционални проекти. Станува збор за стандард со кој се означува највисокото ниво на енергетска ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП