18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јануари 2019

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01.-31.01.2019 година вкупниот промет изнесувал 489.310.274 денари и е намален во однос на декември 2018 за 24,63 отсто. 

Класичното тргување изнесува 257.475.051 денари и е намалено во однос на декември за 12,97 отсто.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 252.860.997 денари и обврзници во вредност од 4.614.054 денари.

Блок трансакциите во јануари изнесувале 201.888.437 денари и се зголемени за 89,25 отсто во однос на декември.

Бројот на трансакции во ноември изнесувал 1.311.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за првиот месец од годината се на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, а Макпетрол АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за јануари 2019 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП