4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерство за здравство апелира редовно да се вакцинираат децата, а вакцини нема!

Министерство за здравство апелира редовно да се вакцинираат децата, а вакцини нема!

Од страна на министерството за здравство секојдневно се апелира граѓаните редовно да ги вакцинираат своите деца, но во некои поликлиники вакцини нема.

Граѓаните од општина Аеродром веќе неколку денови се жалат дека во поликлиниката Јане Сандански нема шестовалентна вакцина Д-Т-П• ХИБ• ХЕП Б• ПОЛИО.

-Утрово го донесовме нашето дете да ја прими третата поливалентна вакцина, но од поликлиниката ни рекоа дека немаат, односно дека сеуште не ги добиле вакцините од тој тип. Ни земаа податоци и ни рекоа дека кога ќе добијат ќе не побараат, вели една мајка на осуммесечно дете.

Министерството за здравсто треба да одговори на граѓаните, зошто навремено не ги набавиле, односно зошто има недостаток на овие вакцини.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП