8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото ќе продолжи да паѓа

Цената на златото ќе продолжи да паѓа

zlato14

По извештајот од Американските државни резерви „FED“ дека од наредната година ќе биде укината програмата за купување на обврзници, следеше распродажба на златните плочки, со што се намалија шансите за закрепнување на цената на тој скапоцен метал, изјави шефот на одделението за скапоцени метали во банката „ENBD“ од Дубаи.

Во текот на минатата недела, вредноста на златото се намали за 96 долари или за 6,88 проценти, односно на тригодишниот минимум од 1,298 долари за унца, изјави шефот на тоа одделение Герхарт Шуберт во својот неделен извештај, пренесува агенцијата Франс прес.

Во четвртокот, шефот на „FED“, изјави дека наскоро би можело да дојде до намалување на програмата за купување на обврзници и конечно завршување во јуни 2014 година, зависно од развојот на ситуацијата во амeриканската економија.

„Трендот на намалување на цената на златото, кое се смета за сигурно засолниште во време на криза и висока инфлација, ќе се задржи“, изјави Шуберт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП