8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg очекува понизок раст на приходите, но Кина им дава добри сигнали

Carlsberg очекува понизок раст на приходите, но Кина им дава добри сигнали

Данската пиварница „Carlsberg“ забележаа приходи од продажбата во четвртиот квартал што ги надминаа очекувањата. Резултатите беа поттикнати од силниот раст во Кина, но компанијата очекува органскиот раст за 2019-та година да е под минатогодишните нивоа, пишува „CNBC“.

„Carlsberg“, третата по големина пивара по „Anheuser Busch InBev“ и „Heineken“, изјави дека очекува оперативниот профит да порасне за 5-6% во 2019-та година, доста под минатогодишните 11%.

„Имавме силни резултати за 2018-та година“, коментира извршниот директор Сеес’т Харт, потенцирајќи кон растот на приходите од продажбата, поголемите профитните маржи и намалениот долг.

Компанијата посочи дека, ценовниот микс, кој покажува дали таа продава повеќе од скапите пива, е позитивен на повеќето пазари, претежно во Кина, каде што има продадено повеќе од своите премиум брендови на пиво.

Кинескиот пазар е воден од меѓународните премиум брендови, кои се продаваат два до три пати поскапо од масовните брендови.

Приходите од продажбата на „Carlsberg“ достигнаа 13,59 милијарди дански круни (2,13 милијарди долари) во четвртиот квартал, или малку над 13,51 милијарди круни кои беа прогнозирани од аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“.

Компанијата објави дека ќе започне 12-месечна програма за откуп на акции за 4,5 милијарди круни.

Одборот на „Carlsberg“ ќе понуди дивиденда од 18 круни по акција, што е малку под очекуваните 18.30 круни по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП