3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИING одговори на финансиските очекувања за последниот квартал

ING одговори на финансиските очекувања за последниот квартал

„ING Groep NV“ – најголемата холандска финансиска група, во објави подобри од очекуваните резултати за последниот квартал. Според податоците на компанијата таа постигнала добивка пред оданочување од 1,69 милијарди евра, која главно се должи на зголемените каматни стапки, провизиите и надоместоците, соопштува „Ројтерс“.

Компанијата сепак допрва ќе треба да се соочи со парична казна од 775 милиони евра, која нејзе и беше наложена во третиот квартал поради недоволен надзор на клиенти, обвинети за перење пари.

Аналитичарите во истражување на „Ројтерс“ очекуваа профитот да биде во износ од 1,57 милијарди евра за последните три месеци од минатата година по износ од 1,56 милијарди евра во истиот период на 2017-та година.

Од „ING“ посочија исто дека привлекоа нови клиенти независно од скандалот за перење пари и коруптивните практики кои го потресоа доверителот порано во 2018-та година, а од податоците исто така, станува јасно дека се забележува раст на растот на кредитите кои се веќе во износ од 3,2 милијарди евра.

Нето каматната маргина достигна 1,56%, што е малку полошо од резултатот пред година (1,58%), но соодносот цена/приходи се подобрува и достигнува 57,1% од 59,9% на годишна основа.

„Гледаме потребата од подобра дисциплина на трошоците, бидејќи очекуваме помалку кредитирање во одделот за кредитирање на големо“, изјави главниот извршен директор Ралф Хамерс во соопштението.

Од компанијата посочија исто дека макроекономските проекции на глобално ниво се влошени, но „остануваат силни како во Европа, така и во САД“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП