6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовако одбележа 10 години на македонскиот пазар

Новако одбележа 10 години на македонскиот пазар

Команијата „Новако“ – застапник на германски „Тисен груп“ во Македонија, има визија во наредните години да ја зацврсти својата позиција во Македонија и регионот, како и постојано да работи на имплементирање на најновите стандарди и иновации во индустријата, порача раководството на компанијата на денешното одбележување 10 години работа на македонскиот пазар.

– Успеавме да наметнеме квалитет и силна политика на безбедност, што компаниите го препознаа и го ставија во своите приоритети. Среќни сме што имаме можност да покажеме нови технологии и иновации кај нас и што придонесуваме за развој на индустријата, изјави Љупчо Грујовски, сопственик на „Новако“

Германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих, пак, истакна дека германските компании се големи поддржувачи на економијата во Македонија.

– Чест ни е што на ваков голем ден го прославуваме роденденот на Новако. Прросперитетот на Македониај нуди големи можности за работа и отворање на глобалниот пазар, што ќе се овозможи развој на пазарот тука. Германија и Македонија се силни трговски партнери, постојат голем број на компании кои соработуваат меѓусебно. Германија ќе биде секогаш главен партнер на Македонија и во иднина, изјави амбасадорот на Германија, покрај кој а свеченоста присуствуваа и владини претставници, градоначалници, бизнисмени, архитекти…

Новако се занимава со производство и продажба на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови и други транспортни и индустриски системи во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП