7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLotus ќе прави мотоцикли

Lotus ќе прави мотоцикли

lotusmoto

„Lotus“ основаше нова компанија, „Lotus Motorcycles“,  која веќе го подготвува својот прв модел со ознаката „C-01“.

Во овој проект се вклучени значајни имења од авто-индустријата, како на пример поранешниот дизајнер на Фолксваген групацијата, Даниел Симон, тркачкиот тим „Kodewa“ и германската група „Holzer“.

„C-01“ се опишива како „хипермотоцикл“, а врз основа на првата фотографија која ги прикажува деталите на овој мотоцикл може да се забележи резервоарот за гориво кој е од јаглеродни влакна и карактеристичната златно-црна боја на „Lotus“.

Техничките детали засега не се достапни, но се споменува погонска единица која развива околу 200 кс и лесна конструкција изработена од кобинација на јаглеродни влакна, титаниум и челик кои се користат во авио-индустријата. Даниел Симон е задолжен за дизајнот кој ќе биде инспириран од тркачкиот болид „Lotus 49“ од натпреварите во Формула 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП