28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛековито вино од коприви

Лековито вино од коприви

Овој домашен лековит напиток помага при чир во желудникот и цревата, напнатост, подуеност, бубрежни заболувања, проблеми со коските…

Бројни се лековитите својства на копривата, билка која уште одамна се користи во медицински цели. Покрај подготовката на варива, сокови, чај, од копривите можете да направите и исклучително лековито вино.

Помешајте 10 лажици листови и корен од коприва, една лажица пелин, една лажица толчени плодови (бобинки) од смрека и две лажици тегавец. Билната смеса ставете ја во еден литар црвено вино и оставете ја да отстои 12 часови. Потоа, на виното додадете му 4 лажици мед и варете го половина час. Свареното вино поклопете го и оставете го да се олади. Земајте по една лажица од виното пред оброк.

Пред употреба на природни лекови, особено при нарушена здравствена состојба, консултирајте се со вашиот лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП