18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран никогаш нема да ги прифати понижувачките услови на новиот трговски механизам...

Иран никогаш нема да ги прифати понижувачките услови на новиот трговски механизам на ЕУ

Новиот платежен систем воведен од Франција, Германија и од Велика Британија минатата недела за да се овозможи легитимна трговија со Иран има ограничен капацитет и понижувачки услови и Иран никогаш нема да го прифати тоа, тврди шефот на судството на Иран, ајатолахот Садек Амоли Лариџани, пренесува РТ.

„По девет месеци одолговлекување и преговори, Европејците создадоа механизам со ограничен капацитет, а не за размена на пари, туку за храна и за лекови”, изјави Лариџани за „Тасним“.

Според него, европските земји поставиле два ‘чудни услова’ за механизмот наречен Инструмент за поддршка на трговската размена (INSTEX). Првиот услов е Иран да се приклучи на Работната група за финансиска акција (ФАТФ), а вториот е да преговара за својата ракетна програма.

„Земјите треба да бидат свесни дека Иран во никој случај нема да ги прифати овие понижувачки услови и нема да потклекне пред никакво барање за да отвори мал премин како што е INSTEX”, рече тој.

Новиот платежен канал за „хуманитарна” трговија со Иран беше воведен по санкциите на САД и првично ќе се фокусира на најсериозните сектори за иранското население како што се храната, фармацевтските и медицински помагала.

Меѓутоа, некои експерти велат дека механизмот е бескорисен и нема да промени ништо за европските компании бидејќи не се сигурни дека би можеле да прават бизнис со Иран без да бидат предмет на санкции од САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП