26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПрашање е да се биде трпелив или нетрпелив?

Прашање е да се биде трпелив или нетрпелив?

Дали ви е познато барем едно од следниве сценарија?

– На автобуската станица го чекате 15 минути вашиот автобус, додека еден по друг постојано поминуваат автобуси кои не ве водат до саканата дестинација.

– На семафорот свети жолтото светло баш кога треба да тргнете, а премногу брзате. Ух, сега треба да чекате уште неколку минути додека не светне зелено.

– Чекате во ред на шалтер, и таман сте пристапиле до шалтерот, работничката ви вели дека системот „паднал“. А покрај тоа и дека ви фали уште еден документ.

Па кој не би го изгубил трпението после сето ова…

Во денешното брзо време, лесно го губиме трпението дури и кога еден клик на интернет не носи до саканата страница за четвртина секунда побавно од тоа што очекуваме. Толку се преместени границите на трпение, така што не е чудно што кога чекаме нешто подолго од минута, започнуваме да лупкаме со нозете во подот, нервозно гледаме на часовникот и издишуваме.

Како да не го изгубите трпението

Трпението е доблест која краси многумина. Се прашувате како да го повратите (ако сте го загубиле), како да го стекнете (ако го немате)… Следниот едноставен совет ќе ви помогне да го зајакнете трпението: додека чекате во вашиот ред и знаете дека тоа не можете да го промените, не чекајте. Наместо тоа, секогаш при рака имајте книга, нотес, или обавете некој важен телефонски повик, со цел да не губите време и трпение. Употребете го времето кое ви е на располагање на ефективен начин, така што ќе се чувствувате задоволни и поретко ќе ви се случува да паднете во искушение, всушност, нетрпение.

Трпението и вистинското време

Некогаш сте нетрпеливи не само да дојдете на ред, туку и да стигнете до некоја ваша цел, тоа што го сакате конечно да се случи. Меѓутоа, колку често помислувате дека можеби тогаш кога вие сакате и не баш најдобриот момент сонот да ви оствари? Сами ја кроите својата судбина, но понекогаш не сте во можност да направите нешто да се случи пред да дојде вистинскиот момент. Треба да бидете трпеливи и упорни, верувајќи дека со соодветното работење благовремено ќе стигнете до целта.

Зошто да бидете трпеливи?

Затоа што трпението носи позитивна енергија, подобро влијае на вашето здравје од нетрпението и ја зајакнува вашата самоконтрола. Исто така, трпението ве учи дека не можете во секој момент да го имате тоа што го сакате, туку дека треба да бидете задоволни од тоа што го имате сега и трпеливо да се стремите кон своите цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП