13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата на највисоко ниво во последните два месеца

Цената на нафтата на највисоко ниво во последните два месеца

Цената на нафтата вчера на меѓународните пазари достигна највисоко ниво во последните два месеца, поради загриженоста околу намалувањето на производството од страна на членките на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) и американските санкции за Венецуела.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 66 центи на 63,41 долари, а на американскиот 33 центи на 55,59 долари за барел.

Цената на нафтата на американскиот пазар во текот на утрово достигна највиоко ниво оваа година од 55,79 долари.

ОПЕК и нејзините сојузници минатиот месец почнаа нов круг на намалување на производството, а понудата дополнително ја намалуваат и американските санкции за Венецуела.

„Воведени се санкции за Венецуела, покрај намалувањето на понудата од Саудиска Арабија. На пазарите за сирова нафта нема повеќе никакви траги на презаситеност“, вели Оливер Џејкоб од „Петроматрикс“, кој објавува дневни извештаи за нафтениот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП