18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИв Мерш: ЕЦБ треба да има поголема улога во борбата против финансиските...

Ив Мерш: ЕЦБ треба да има поголема улога во борбата против финансиските балони

Европската централна банка треба да има поголема улога во начинот на кој еврозоната се бори со финансиските балони, бидејќи инструментите кои се користат од страна на националните власти, често не се усогласени меѓу себе, изјави еден од членовите на одборот на ЕЦБ, Ив Мерш.

Во позадина на поддржаните рекордно ниски каматни стапки од ЕЦБ во последната година ризикот од балони кај средствата расте. Засега националните власти имаат за задача да ја одржуваат финансиската стабилност преку алатки, како банкарски амортизери на капитал или правила за ограничување кредитирањето.

„Најдобро решение е да ги интегрираме стравувањата за финансиската стабилност во монетарната политика на европско ниво – вклучувајќи можни корекции со алатки на национално ниво“, рече Мерш на конференција во Будимпешта.

Иако некои повикуваат на поширока власт во еврозоната, чија задача да е стабилност, Мерш изјави дека тоа може да ја зајакне конфузијата.

„На национално ниво институционалните архитектури се хаос, а употребата на алатки е вавилонска кула“, рече Мерш, кој е еден од членовите кои најдолго се во Управниот одбор на ЕЦБ.

„Се сомневам дека додавањето на уште еден европски став без јасна претстава за тоа кој со какви алатки управува и со каква цел ќе биде надминат проблемот“, додаде Мерш. „Моментот не е зрел за операционализиран макро-прудентен пристап“.

Поради ултраниските со години нивоа на каматите меѓу централните банкари створи дебата дали централните банки треба да имаат поголема улога во борбата со балони.

Некои сметаат дека друга цел освен одржување на стабилна инфлација ќе оптовари политиката со ризикот ЕЦБ понекогаш да се соочува со спротивставени цели. Други тврдат дека премногу земји кои имаат зборот за прашањата за стабилноста, лесно може да доведат до политички грешки поради недостаток на координација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП