2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаровска: Годинaва ќе бидат изградени 11 градинки во Македонија

Царовска: Годинaва ќе бидат изградени 11 градинки во Македонија

Вкупно 11 нови градинки ќе се градат годинава во различни делови од Македонија со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Министерката Мила Царовска денеска ги потпиша договорите со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изградбата на објектите.

На списокот за изградба на нови градинки се општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, и Гази Баба (2 градинки).

Со изградбата на градинките капациетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања. За оваа намена од буџетот на МТСП се обезбедени 85,3 милиони денари без ДДВ.

Министерката Царовска ги повика општините да конкурираат со квалитетни проекти за изградба на нови градинки, затоа што освен во Буџетот на министерството за истата намена на располагање се и уште 15 милиони евра од Светска банка.

„Капиталните инвестиции во детската заштита се и остануваат приоритет на Владата. Раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој на човекот, затоа посветено работиме на јакнење на капацитетите и стручноста на детските градинки низ цела држава и во руралните и во најодалечените места низ Македонија. Годинава буџетот на МТСП за капитални инвестиции во детската заштита е зголеме за 300 %, дополнително на располагање имаме пари и од Светска банка “, изјави министерката Царовска на средбата со градоначалниците.

Изминатата година, велат од Министерството за труд и социјална политика, опфатот на децата во предучилишно образование е зголемен за 1.959 деца. Од нив 1.209 се државните градинки, додека останатите 750 во приватните објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП