Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Без оглед на тоа дали ги сакаме нашите колеги или не, сепак минуваме голем дел од денот со нив. Веројатно нечие смеење ви оди на нерви или нечие брзо зборување ве излудува. Но, морате да знаете дека и кога станува збор за вас, вашите колеги имаат одредени работи кои можеби им пречат повеќе отколку што мислите.
„Тоа не е моја работа“– Кога некому велите дека тоа не е ваша работа е како да кажувате некому дека нема да помогнете, ако не морате. Доколку некој мисли дека тоа е ваша работа, а тоа не е така, упатете ги до личноста која е одговорна за конкретната задача. Доколку некој побара помош за задача или проект кои не се ваша работа, помогнете му.
Се чудите на унапредувањата – Тоа е некултурно и непрофесионално. И онака знаете дека не секогаш најдобриот ја заслужува наградата. Не одете наоколу чудејќи се, објаснувајќи и прашувајќи ги другите, бидејќи кога ќе стигнете на ред за унапредување, истото ќе ви се случи и вам.
„Не кажувај никому, но…“ – Избегнувајте ги озборувањата, доколку можете. Знаеме дека тие се чести на работа, но барем потрудете се вие да не ги започнувате. Не зборувајте негативно за колегите, бидејќи така само ќе успеете да си го изгубите кредибилитетот, ништо повеќе.
Раскажувања за претходната вечер – Верувајте, колку и да ви е интересно вам, никој не сака да слуша за лудо поминатата вечер. Дури и да има луѓе на кои им е интересно да слушнат како сте си поминале, сепак мнозинството се оние кои не ги интересира, ни малку.
Објаснувања дека немате време за нешто – Ништо не е поужасно на работното место од оние луѓе кои велат дека немаат време за ништо. Дури навистина да сте претрупани со работа, веројатно повторно ваш недостаток е тоа што не знаете да се организирате. Кога велите „немам време за тоа“ тоа во превод значи „не сакам да ја правам таа конкретна работа“.
Глупави, долги прашања – Во ред е доколку сакате активно да учествувате на состаноците, но многуте прашања никому не му се забавни. Особено доколку нивните одговори се очигледни.
„Тоа не е моја вина“ – Дури и да не сте сосема виновни, сепак прифатете ја вашата улога во неуспешната приказна. Признајте дека сте згрешиле. Бидете подготвени да добиете критики и да ја наведнете главата штом ќе згрешите.
Некои луѓе дознаваат што сакаат да работат многу рано. Најчесто се одлучуваат да ја градат кариерата како своите родители. Други ги откриваат своите амбиции во…
Како тоа некој ги постигнува своите цели и знае за чувството на успех, а на некој неуспех му е средно име? И едниот и другиот…
Секогаш се истакнува дека во деловниот живот треба да знаете како да се истакнете. И во тоа нема ништо лошо – освен ако тоа не…
Често на работното место се случува шефот толку да ве извади од такт да не можете да се воздржите и во тој момент да посакате…
Разговорите со шефот речиси секогаш се непријатни, па повеќето од вработените се обидуваат да ги избегнат, но понекогаш тие се неопходни за да ги заштитите…
Постојат неколку правила кои се основни за добра комуникација. Треба да ги имате на ум и да ги применувате во секојдневната конверзација со луѓето кои…
Доколку на разговорот за работа работодавецот ве запраша дали имате некое прашање, би делувале незаинтересирано доколку кажете дека се ви е јасно и немате прашање.…
Корисно е да ги слушате советите од поискусните колеги или од успешните поединци во секторот кој вас ве интересира. Меѓутоа, тоа не значи дека секој…
Стара поговорка вели „учиш додека си жив“. Меѓутоа, некои животно важни работи се учат уште во раното детство. Блогот The Fast Track претставува 10 нешта…
Некои луѓе едноставно секогаш доцнат, без оглед колку рано станале, тие секогаш ќе дојдат на работа подоцна отколку другите и тоа нема врска со фактот…
Пингбек: Вашите колеги ги излудуваат овие нешта - ММС | Македонски Медиа Сервис - Сите вести на едно место