14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија се подготвува за дефицит од 25 милијарди евра до 2023-та?

Германија се подготвува за дефицит од 25 милијарди евра до 2023-та?

Германија се соочува со буџетски дефицит од 25 милијарди евра до 2023-та година освен ако не ги ограничи трошоците, бидејќи даночните приходи се очекува да се намалат, а платите во јавниот сектор бележат раст. Ова го објави германското издание „Bild“, повикувајќи се на внатрешните владини документи.

Овој наводен буџетски дефицит би претставувал значително влошување на финансиите на земјата – најголемата економија во Европа, која забележа буџетски суфицит од 11,2 милијарди евра во минатата година, соопштува „Ројтерс“.

Предупредувањето е дел од извештајот изготвен од министерот за финансии Олаф Шолц за неговите колеги во кабинетот, кои се подготвуваат за редовно разгледување на планирање на буџетот.

Трговските тензии меѓу Кина и САД, како и можните последици од излегувањето на Велика Британија од Европската унија без договор веќе го принудија Берлин да ги смалува прогнозите за економскиот раст за оваа година до 1%.

Во оваа тешка средина пониските даночни побарувања ќе отворат дупка во буџетот од 5 милијарди евра секоја година, посочува „Bild“.

Според изданието владините министри биле предупредени за време на состанокот минатата недела да ги држат под контрола трошоците делумно поради драстичниот раст на платите во јавниот сектор, кои се очекува да се зголемат вкупно до 35 милијарди евра до 2020-та година од 31 милијарди евра во 2016-та година.

Дефицитот од 25 милијарди евра би значел недостиг од помалку од 1% од сегашниот бруто домашен производ на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП