28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите се подготвуваат да го прослават доаѓањето на годината на свињата

Кинезите се подготвуваат да го прослават доаѓањето на годината на свињата

Кина во моментов се подготвува за пречек на Новата година, која Кинезите ја прославуваат според лунарниот календар на 5 февруари, а според кинескиот хороскоп по „годината на кучето” во 2019 година следува „годината на свињата”.

Кинеската Нова година е најважниот празник за жителите на најнаселената земја во светот и Кинезите низ целиот свет, кога стотици милиони луѓе поаѓаат на пат за да го прослават со своите семејства. Ова е период на најголеми миграции што се случуваат секоја година во светот.

Кинеските власти очекуваат речиси три милијарди патувања со автомобили, возови или авиони во следните 40 дена на нивната територија. И покрај бавниот економски раст, се очекува многу Кинези да одат во странство за време на празниците. Во просек, се очекува секој ден во текот на оваа недела да има 1,77 милиони патувања во странство, што е зголемување за 8,9 отсто во споредба со минатата година.

Сепак, економската војна на Кина и САД ќе ги принуди луѓето да бидат поштедливи, па затоа се очекува дека ќе трошат помалку отколку во изминатите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП