Денеска во целата земја ќе преовладува променливо облачно, а од изутрина најпрвин во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен.
Дневните температури ќе бидат во Скопје и Битола 10 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 9, Крива Паланка и Берово 12, Кавадарци и Дојран 14 степени.
Прогнозата и за утре е променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен источен ветер.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 10 степени, Маврово 5, Охрид 7, Битола и Берово 8, Крива Паланка 11, Кавадарци 12, Дојран 15.