Бројот на нови работни места во САД во јануари ги надмина сите очекувања со додавање на нови 340.000, додека очекуваниот број изнесуваше 165.000.
Според извештајот, стапката на невработеност во јануари се искачи на 4 отсто од 3,9 отсто, додека растот на платите падна на 3,2 отсто од 3,3 отсто во декември.
Министерството за труд на САД објави дека има зголемување на работните места во јануари во многу сектори, вклучително и угостителството, градежништвото, здравството, транспортот и складирање.
Големото прашање за инвеститорите е дали неочекуваниот раст на американските работни места ќе им даде причина на креаторите на политиката во Федералните резерви причина да размислуваат.
Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, во средата го изненади пазарот со повнимателна порака, посочувајќи дека централната банка не се брза да ги зголеми каматните стапки и нагласи поголеми ризици за економските изгледи.
Американскиот претседател Доналд Трамп е оптимист во врска со економскиот изглед по силниот број работни места.
Тој напиша на Твитер дека овој јануари е најдобар за индустрискиот индекс “Дау Џонс” во последните 30 години и додаде дека САД имаат најсилна економија во светот.
Имено, “Дау Џонс” Њујоршкиот берзански индекс скокна за 0,3 проценти на 25.076.