2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот го забележа рекордниот шести последователен месец на пад

Биткоинот го забележа рекордниот шести последователен месец на пад

Цената на биткоинот падна за рекорден шести последователен месец во јануари, по зголемувањето на ниво од околу 4.000 долари на почетокот на периодот и не успеа да предизвика масовно откупување.

Најголемата криптовалута по пазарна капитализација го заврши месецот по цена од 3.413 долари на берзата „Bistamp“, што е намалување за скоро 8 отсто од почетокот на јануари на 3.693 долари.

Месечните падови во петмесечниот период изнесуваат 9%, 6%, 4,4%, 37% и 7% соодветно, објави „CoinDesk“.

Вториот најдолг период на опаѓање е забележан во 2011-та година, кога цената на биткоинот се намали за 81% во текот на петте месеци од јули до ноември.

Сегашниот 6-месечен пад е понизок од оној пред речиси осум години, бидејќи во тој период изнесуваше 63%. Сепак, оваа бројка може да се зголеми во наредните месеци ако инвеститорите не се вратат и продолжат да трошат на биткоинот.

Инвеститорите на пазарот за криптовалути се уште претпочитаат да ги продадат по пораст на цените, наместо да купуваат.

Цената на биткоинот скокнаа на повеќе од 4.000 долари на 6-ти јануари оваа година, откако беа на ниво од 3.550 долари на крајот од декември.

Сепак, се чини дека зголемувањето не ги импресионира инвеститорите. Уште повеќе – цената брзо се врати на ниво од 3.500 долари само неколку денови подоцна – на 10-ти јануари.

За времето на подготовка на материјалот, биткоинот се тргуваше по цена од 3.489 долари, според „CoinMarketCap“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП