29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Агрокор концернот и Деловниот систем на Меркатор потпишаа договор за соработка, што е последен документ во оваа фаза на реализација на трансакцијата врз основ на договорот за купопродажба на 53,12 отсто акции, кои ги презема компанијата на хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ за 240 милиони евра. Тодориќ кон крајот на минатата недела потпиша договор за преземање на мнозински пакет на Меркатор со сопственичкиот конзорциум од 12 работодавачи. Со тој нов потпишан договор меѓу Агрокор и Меркатор дефинирана е соработка на менаџментите на двете компании во преодниот период до затворањето на трансакцијата со која Агрокор ќе стекне мнозински пакет акции на Меркатор.

Белград – Претставниците на Обединетите Арапски Емирати уплатиле 5 милиони долари за прва транша на РНД (Research and Development) програмата за развој на ракети Алас, дознава Блиц. Тоа е прв ефект од договорот за соработка во областа на одбраната кој првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ во февруари оваа година го потпиша со шеикот Абдулах бин Зајед, роден брат на престолонаследникот Мухамед бин Зајед.

Виена – Водечката австриска градежна фирма Алпина Беј, прогласи банкрот, бидејќи не успеа да се договори со доверителите за реорганизација на исплата на долгот, рече портпаролот на фирмата. Алпина Беј припаѓа на шпанската група ФЧ и беше ангажирана на повеќе проекти во Србија, меѓу кои мостот во Бешка, патот Пирот – Димитровград, со многу проблеми во реализацијата. Фирмата влегува во стечај со обврски од 2,6 милијарди евра, наведе австриската довереничка агенција КСВ. Тоа би претставувало најголем банкрот во земјата за последните 60 години. Вредноста на активата на фирмата, според агенцијата КСВ е 61 милион евра. Меѓу доверителите на Алпина Беј се и најголемите австриски банки – Ерсте група и Банката на Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП