9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната сè повеќе се оддалечува од целта на ЕЦБ

Инфлацијата во еврозоната сè повеќе се оддалечува од целта на ЕЦБ

Стапката на инфлација во еврозоната најверојатно е забавена уште повеќе во првиот месец од годината, откако во декември го достигна најниското ниво од април 2018-та година, според прелиминарните проценки на европската статистичка служба „Еуростат“.

Според прогнозите растот на цените во регионот е забавен до ниво од 1,4% во првиот месец од годината во однос на 1,6% во декември. Ова е најниско ниво од април 2018-та година.

Растот на потрошувачките цени во текот на последните неколку месеци се повеќе се оддалечува од 2% – посакуваната инфлациска цел кон која се стреми Европската централна банка (ЕЦБ) и која еврозоната успеа да ја постигне во неколку месец во втората половина од минатата година.

Еврото поевтини веднаш по излегувањето на веста, разменувајќи се за 1,1469 долари, а неколку минути пред тоа се тргуваше за 1,1473 долари.

Главниот притисок на потрошувачките цени во јануари во последователен месец се должи на енергијата, која се зголемува за 2,6%. Сепак, порастот на цените на енергијата, исто така, драстично забави, со раст од 5,5% во претходниот месец.

Темпото на растот на цените во категоријата „Храна, алкохол и тутун“ останува без промена во однос на декември на ниво од 1,8%.

Сепак, цените на услугите покажуваат благ пораст на месечна основа на 1,6%, наспроти 1,3% во претходниот месец. Сепак, зголемувањето на цените на неенергетските индустриски производи исто така малку забави во однос на декември на 0,3%.

Основната инфлација, која ги исклучува промените во цените на нестабилните стоки како енергијата и храната и се смета за точен показател, сосема благо се забрзува до 1,1% од 1,0% во декември.

Конечните податоци на „Еуростат“ за инфлацијата во еврозоната и Европската унија како целина ќе бидат објавени на 22-ри февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП