2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМогерини по разговорот со Тачи: Немаме повеќе време за губење

Могерини по разговорот со Тачи: Немаме повеќе време за губење

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини изјави синоќа по разговорите со претседателот на Косово, Хашим Тачи дека косовските такси за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина треба да бидат укинати бидејќи нема повреќе време за губење.

„Разговарав со косовскиот претседател, Хашим Тачи. Повторив дека таските треба да бидат укинати за дијалогот со Србија да продолжи што поскоро. Нормализацијата на односите е клучна за Косово, Србија, Западен Балкан и ЕУ. Немаме повеќе време за губење“, наведе Могерини на „Твитер“.

Тачи потоа на социјалната мрежа ја сподели нејзината порака и наведе дека миривниот договор помеѓу Косово и Србија ќе и овозможи на Приштина членство во ОН, ЕУ и НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП