Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно со слаба замагленост претпладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне околу 11 степени.
Во периодот што следи времето ќе биде променливо облачно и потопло, што на повисоките места и на планините ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. По одделни котлини и утре изутрина ќе има услови за појава на слаба магла, но преку денот ќе биде ветровито со повремено засилен југоисточен ветер. Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд главно со слаб интензитет. Нешто повеќе врнежи се очекуваат во среда, кога поради благо заладување, на планините, а и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.