25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLand Rover нема да го произведува Range Rover SC Coupe

Land Rover нема да го произведува Range Rover SC Coupe

Британски „Јaguar Land Rover“ се откажа од производството на моделот со три врати „Range Rover SV Coupe“.

И покрај најавата за враќање на легендарниот модел од 70-тите години од минатиот век и резервацијата на 999 примероци по премиерата во Женева минатата година, супербрзото и суперлуксузното „SUV“ купе нема да се врати.

„Range Rover SV Coupe“ е замислен како четворосед со 5,0-литарски „V8“ мотор кој со асистенција на механичкиот компресор развива 656 KS.

Тоа е доволно за проценетиот на 390.000 eвра автомобил да забрзува од место до 100 km/h зa 5 секунди и да достигне максимална брзина од 266 km/h.

Иако постоеше побарувачка за него, „Land Rover“ одлучи ресурсите наменети за оваа врвна креација на „JLR“- „SVO“ (SPecial Vehicle Operations) одделението да ги насочи кон развој на друг модел.

„Jaguar Land Rover“ веќе со месеци е во криза поради Брегзит и трговската војна кои беа причина за пад на продажбата во Кина, поради што мораше да го стопира производството и да отпушта работници, па не сака да го загрози развојот на моделот како новата генерација на „Defender“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП