1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ најави безвизен режим за Велика Британија и без договор за брегзит

ЕУ најави безвизен режим за Велика Британија и без договор за брегзит

Амбасадорите од ЕУ се согласија во петокот дека граѓаните на Велика Британија треба да добијат безвизен пристап до блокот, дури и во случај на брегзит без договор.

Предлогот на Европскиот совет ќе им даде на Британците безвизен пристап до шенген-зоната, која е составена од 26 европски земји, за патувања до 90 дена.

„Со оглед на географската близина, врската помеѓу економиите, нивото на трговијата и степенот на краткорочни движења на лица меѓу Велика Британија и Унијата за службени и лични цели, безвизното патување треба да ги олесни туризмот и економската активност овозможувајќи придобивки за Унијата“, се наведува во предлогот.

Во изјавата во која го објаснува ваквиот чекор, Европскиот совет рече дека според правилата на ЕУ безвизен режим се одобрува под услов на реципроцитет.

„Владата на Велика Британија изјави дека нема намера да побара виза за граѓаните на ЕУ што патуваат во Велика Британија за кратки посети“, се вели во соопштението. „Во случај во иднина Велика Британија да воведе визи за жителите на барем една земја членка, ќе важи постојниот механизам на реципроцитет“.

Одлуката за предлогот треба да биде донесена во Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП