4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM го намалува секторот за маркетинг

IBM го намалува секторот за маркетинг

IBM1

Дека големите компании се уште не се вратиле во времето пред кризата покажуваат и новите отпуштања во голем број „IT“ компании, без разлика колку тие се големи и успешни. Освен неколку исклучоци, никој друг не е имун на кризата, па дури ни големиот „IBM“.

Во последните неколку години „IBM“ веќе отпушти одреден број на вработени, а овој пат дојдоа на ред и вработените во маркетинг и бизнис комуникациите. Дури 700 од нив ќе останат без работа во новиот бран за реорганизација на информатичкиот гигант.

Иако ова не е прво отпуштање, овој пат синдикатите беа доста револтирани, бидејќи во државата Њујорк каде што се наоѓа ова одделение потребно е 90 дена однапред да се најави секое отпуштање кое се однесува на повеќе од 33 проценти или над 250 вработени. „IBM“ однапред не ги најави новите отпуштања на вработените, што овој чин е забранет според закон.

Сепак, „IBM“ во своја одбрана вели дека тие навеле дека оваа година ќе има отпуштања кај нив, но притоа не најавиле конкретно во кој сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП