26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгенцијата за туризам: Има потреба од нови авионски линии кон Турција

Агенцијата за туризам: Има потреба од нови авионски линии кон Турција

Делегација на Македонија, која брои повеќе од педесетина туроператори и хотелиери, заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, претставувана од директорот Љупчо Јаневски, учествува на Саемот за туризам во Истанбул, Турција.

Репрезентативниот македонски штанд беше посетен од министерот за туризам и култура на Турција, Мехмет Ерсој, со кој, најавуваат од Агенцијата, институционално ќе се реализираат активности за соработка помеѓу двете држави. Имајќи предвид дека ЕМИТ ги поврзува Истокот и Западот и претставува мост за туристичка размена, на состаноците со туроператори од азиските земји се потенцираа активностите за вклучување на Македонија во кружните патувања на Балканот од малезиски, кинески и од индиски туристи.

Од Агенцијата за туризам велат дека бројот од 130.000 турски туристи годишно ги наметнува интересот и потребата за отворање нови авиолинии за поврзување на Охрид и Скопје со други градови од Турција. Има најави и заинтересираност и од филмската индустрија на Турција за вклучување на Македонија во локациите за снимање телевизиски серии и филмови.

Сорботката на Агенцијата за туризам со Асоцијацијата на туристички агенции и туроператори (ТУРСАБ) од Истанбул резултира со реализација на информативно патување во нашата земја за дваесетина туроператори и медиуми од Турција. Тоа би значело зголемување на Б2Б-средбите помеѓу ТУРСАБ и македонските компании и зацврстување на туристичките бизнис-врски.

Започнувајќи од 31 јануари до 3 февруари, претставници на Агенцијата за туризaм, Општина Охрид, како и претставници од приватниот сектор, „Бадем турс“, „Фибула“, „Генерал турист“, „Вардар експрес“, „Енџој Балканс“, „ДМЦ Балканс“ и хотелот „Њу стар“, ќе ги промовираат туристичките дестинации на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП