24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавен вториот јавен повик „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации...

Објавен вториот јавен повик „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации и технолошки развој

Заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, денеска го презентираа вториот јавен повик за финансирање научноистражувачки проекти во основните и средните училишта – „Предизвик за млади истражувачи“.

Според првиот човек на ФИТР, целта на овој јавен повик е да се поттикнат критичкото и креативното размислување кај младите и е дел од поголема програма на Фондот креирана за млади.

„Ми претставува лично задоволство што успешно реализиравме еден ваков јавен повик, а денес го објавуваме вториот ‘Предизивик за млади истражувачи’. Искрено се надевам дека ова ќе стане редовен инструмент во Фондот, во кој фокусот е на природните и техничките науки, како и научно заснованото истражување и критичкото размислување“, посочи Јован Деспотовски.

На настанот што денеска се одржа во скопската гимназија „Георги Димитров“ членовите на тимот, кои на минатогодишниот повик добија финансиски средства, го претставија својот проект – дрон што може да се користи на тешко пристапни места за гаснење пожари или за прскање шуми.

За најуспешните истражувачи се предвидени награди во две категории: научноистражувачки проекти во основното образование и научноистражувачки проекти во средното образование.

Јавниот повик ќе трае до 31 март. Сите дополнителни информации се на www.fitr.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП