23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети при барање нова работа

Неколку совети при барање нова работа

Доколку не сте задоволни од условите на моменталното работно места и барате нова работа, тогаш тоа нека не биде во временскиот период од 08:00 до 16:00, односно во периодот кога сте на работа. Нормално, не давајте отказ додека не пронајдете нова работа, а како да направите тоа да биде незабележително прочитајте во следниот текст…

Не отстапувајте од рутината

Ако вашата работа бара униформа, секако дека ќе привлечете внимание ако се појавите во таа униформа на новото интервју за работа. Затоа закажете го интервјуто надвор од работното време, а ако тоа не можно, земете слободен ден од работа.

Не кажувајте на никого

Ако секој ден ручате со колегите, не им спомнувајте за новата работа, дури ни на оние најблиските, а особено внимавајте да не ги оставите отворени веб страните од огласите за нови работни места на вашето работно биро. Не само што ризикувате да се појави трач, туку приказната може да биде проширена преку „расипан телефон“ и уште повеќе да ја влоши вашата состојба.

Бидете професионалец

Избегнете ја објавата за барањето на ново работно место на LinkedIn, но избегнете ги и објавите на социјалните мрежи, особено за враме на работа. Покажете почитување кон компанијата во која во моментот работите, без оглед на се.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП