27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес влегува во сила најголемата отворена трговска зона во светот

Од денес влегува во сила најголемата отворена трговска зона во светот

Најголемата светска трговска зона беше отворена на 1-ви февруари со влегувањето во сила на Договорот за економско партнерство помеѓу Јапонија и ЕУ.

На тој начин ќе бидат отстренeти повеќето од една милијарда евра платени годишни давачки од европските компании кои извезуваат во земјата на изгрејсонцето. По целосното спроведување на договорот, Токио ќе ја укине својата царина на 97% на стоката увезена од единствениот блок.

Договорот, исто така, ги отстранува голем број трговски бариери надвор од царината, како што е единствен стандард за автомобилите.

„Европа и Јапонија испраќаат порака до светот за иднината на отворена и фер трговија. Отвораме пазар, кој е дом на 635 милиони лица и речиси една третина од светскиот бруто домашен производ“, се вели во изјавата претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, цитиран од прес-центарот на ЕК.

Меѓу главните аспекти на договорот се укинувањето на даноп=ците на извозот на многу европски сирења, како гауда и чедар (29,8%), како и тој за виното (просечно 15%). Исто така, земјите на ЕУ ќе можат да го зголемат својот извоз на говедско месо за Јапонија. Што се однесува до свинското месо, трговијата со преработено месо ќе биде без царина, а свежото месо исто така без царина.

Исто така е предвидено отворање на пазар за услуги, особено оние во финансискиот сектор, е-трговијата, телекомуникациските услуги и транспортот.

Договорот, исто така, вклучува и конкретни мерки за олеснување на работата на малите и средните претпријатија, стандардите за работна сила, безбедност на работната сила, заштита на животната средина и заштита на потрошувачите.

Според пресметките презентирани од страна на ЕК, обемот на трговијата помеѓу ЕУ и Јапонија може да порасне годишно за 36 милијарди евра, откако ќе биде целосно имплементиран договорот.

Во однос на заштитата на личните податоци, на 23-ти јануари оваа година Брисел и Токио се договорија за слободната размена на информации, а и двете страни се согласуваат да ги признаат соодветните системи за нивна заштита, како еквивалентни една на друга. Ова, пак, ќе ја создаде најголемата во светот зона за проток на податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП