25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТолкава побарувачка за злато не е видена последните 50 години

Толкава побарувачка за злато не е видена последните 50 години

Побарувачката за злато е на највисоко ниво овие 50 години, според најновите податоци од Светскиот совет за злато.

Ова се должи на големото купување на централните банки и европските инвеститори.

Глобалната побарувачка за злато порасна за 4 отсто на 4.345,1 тони, а централните банки купија најмногу злато. Голем допринос имаа европските инвеститори, особено фондовите во потрага по безбедни зони поради атмосферата на висока политичка нестабилност.

Централните банки откупиле 651,5 тони злато минатата година, дури 74 проценти повеќе од 2017 година. Ова е втор најголем резултат во историјата, по откупот во 1967 година. Покрај Руската централна банка, значајни купувања беа направени од страна на Полјаците, Кинезите, Турците и Казахстанците.

Побарувачката за накит беше релативно непроменета, 2.200 тони, а имаше зголемување на порастот во Кина, САД и Русија, кои го амортизираа остриот пад на Блискиот Исток.

Купувањето на злато од страна на мали инвеститори минатата година порасна за 4 отсто на 1.090,2 тони, а најголем поттик дојде од Иран, каде што бележи раст од импресивни 222 отсто.

Причината за интересот за благородни метали во ситуации во кои централните банки ја олабавуваат монетарна политика е логично. Намалувањето на каматните стапки за цел има посилен економски раст и повисока инфлација, што значи дека постоечките пари ќе вредат помалце. Поради релативно стабилната количина на злато и сребро на располагање за човештвото, овие метали, на долг рок, подобро ја задржуваат куповната моќ од хартијата / дигитални пари, и затоа во секоја криза цената им се зголемува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП