2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија одобри: Проширување на гасоводот од Турција до Србија

Бугарија одобри: Проширување на гасоводот од Турција до Србија

Бугарскиот оператор за транзит на гас „Булгартрансгас” по собирањето на понудите за проширување на националниот систем за транзит на гас од Турција до Србија донесе конечна одлука за инвестирање во овој проект.

Проценката на инвестицијата во проектот изнесува 1,4 милијарди евра, соопшти „Булгатрансгас“.

Проектот, помеѓу другото, се рализира поради приемот на гас кој доаѓа од Русија преку гасоводот „Турски тек“.

Неодамна „Гаспром“ ја заврши изградбата на два крака на морскиот гасовод „Турски тек“, по дното на Црното море, со капацитети од 15,75 милијарди кубни метри годишно. Еден крак е предвиден за турскиот, а другиот за европскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП