1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочнува ТВ магазинот „Детектор“ на Сител

Започнува ТВ магазинот „Детектор“ на Сител

Резултатите од најобемното истражување на јавно мислење од ваков вид спроведено до сега во Македонија, кое ќе се одвива во првите пет месеци од 2019 година и ќе открива што навистина мислат граѓаните за големите теми поврзани со политичките реформи, ќе ѝ биде презентирано на јавноста во новиот ТВ магазин Детектор, чие емитување ќе започне на 3 февруари на ТВ Сител.  

Истражувањето е изработено ексклузивно за потребите на ТВ магазинот Детектор кој ќе биде емитуван на ТВ Сител. Предвидени се 21 епизода, премиерното емитување на првата епизода ќе биде во недела, 3 февруари во 16.30 часот, а презентери на емисијата се Славица Арсова и Иван Кузмановски.

Планирано е истражувањата да го испитаат јавното мислење на 20-25 теми кои се од исклучителна важност за граѓаните на Македонија, а истовремено се поврзани и со пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија. Истражувањата ќе бидат спроведени од страна на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

Голем дел од темите кои се предвидени за првпат ќе бидат опфатени во истражување од ваков тип, при што крајниот резултат ќе биде сеопфатна слика за перцепцијата и ставовите на граѓаните околу политики кои се од исклучителна важност за нив.

Тимот на Детектор вбројува новинари, псефолози, но и креативна и техничка екипа вклучена во анализата и претставувањето на резултатите.

Покрај тоа што ќе ги открива резултатите од истражувањата, Детектор ќе вклучува и репортажи од терен кои преку реални примери од секојдневието покажуваат како конкретната тема влијае врз животот на граѓаните. Гости во студиото пак, ќе дискутираат за наодите од истражувањето со цел на гледачите да им обезбедат ексклузивно толкување на резултатите и дефинирање на соодветниот контекст.

„Детектор е важен и возбудлив нов ТВ магазин и нашето известување ќе биде прецизно, непристрасно и фер“, изјави Славица Арсова, еден од презентерите на Детектор.

Интегралните резултати од истражувањето ќе бидат достапни веднаш по емитувањето на секоја од епизодите на Детектор, на интернет страниците на ТВ Сител и ИПИС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП