18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во ЕУ за 2018 изнесува 6,6%

Стапката на невработеност во ЕУ за 2018 изнесува 6,6%

Европската Унија ја заокружи 2018 година со стапка на невработеност од 6,6%, велат од европската агенција за статистика.

На годишно ниво, невработеноста во ЕУ паднала за 0,6% споредбено со 7,2% во декември 2017.

„’Еуростат’ проценува дека 16,3 милиони мажи и жени во ЕУ28, од кои 12,9 милиони во еврозоната, биле невработени во декември 2018“, велат од агенцијата.

‘Еуростат’ вели дека најниските стапки биле забележани во Република Чешка со 2,1% и Германија со 3,3%, додека, пак, највисоките во Грција со 18,6% и Шпанија во 14,3%.

„Во споредба со минатата година, невработеноста се намалила во сите земји членки освен во Франција, каде стапката на невработеност останала стабилна“.

Според официјалните податоци, 3,36 милиони млади лица (под 25-годишна возраст) биле невработени во Унијата, од кои 2,39 милиони биле во еврозоната.

„Во споредба со декември 2017, невработеноста меѓу младите се намалила за 249.000 во Унијата, а за 141,000 во еврозоната.“

„Во декември 2018, невработеноста меѓу младите изнесувала 14,9% во ЕУ28, а 16,6% во еврозоната, во споредба со 16,1% и 17,8% во декември 2017“, се вели во извештајот од „Еуростат“.

Најниска стапка на невработеност на млади била забележана во Република Чешка, Германија и Холандија, додека пак највисоките бројки се забележани во Грција, Шпанија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП