12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија, Франција и Обединетото Кралство со трговски механизам со Иран

Германија, Франција и Обединетото Кралство со трговски механизам со Иран

Германија, Франција и Велика Британија создадоа европски механизам за трговија со Иран, кој ќе служи за заобиколување на санкциите наметнати од САД врз Техеран, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на двајца неименувани дипломати.

ЕУ работи на системот со месеци, која реално ќе претставува клириншка куќа за избегнување на паричните трансфери во американски долари меѓу ЕУ и Иран, но не се очекува таа да проработи во наредните неколку месеци поради технички детали.

Германскиот медиум „NDR “соопшти дека новата институција се нарекува „INSTEX-Instrument In Support Of Trade Exchanges“ (Инструмент за поддршка на трговската размена).ж

Целта е зачувување на економските придобивки од постигнатиот нуклеарен договор со Иран во 2015-та година, поддржан од светските сили.

Подоцна, сепак претседателот на САД, Доналд Трамп ја повлече земјата од договорот и ги продолжи санкциите против Иран во минатата година.

Новата компанија ќе почне да работи со комерцијални трансакции со Иран, фокусирани главно врз испораките на храна, лекови и хуманитарни производи, каде трансакциите не се толку големи. Инситуцијата нема да работи на нафтени договори, кои беа тешко погодени од санкциите од САД.

„Тоа нема да ги промени работите драматично, но е важна политичка порака кон Иран и покажува дека ние сме решени да го сочуваме нуклеарниот договор и исто така да и покажеме на САД дека заштитуваме интересите, и покрај нивните санкции“, вели еден од европските дипломати.

Сепак, односот помеѓу Техеран и ЕУ се влошуваат, така што во овој месец Брисел ќе ги наметне првите санкции против Иран од 2015-та година поради тестови на балистички ракети и заговори за планирани убиства на европска територија.

Во симболичен чин, ЕУ додаде двајца Иранци и Иранската разузнавачка единица на нејзината листа на терористи.

Новата институција ќе биде предводена од германски банкар кој ќе се наоѓа во Франција. Франција, Велика Британија и Германија ќе бидат акционери, надевајќи се дека другите земји ќе се приклучат на иницијативата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП