19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали има нешто полошо од ужасен шеф?

Дали има нешто полошо од ужасен шеф?

Што мислите што е полошо од ужасен шеф? Одговорот е лесен: Ужасна шефица.

Барем така велат истражувањата, според кои дури 95 проценти од жените изјавиле дека имале проблеми со својата шефица. Тие жени често патат од главоболка, депресија, мачнина и слични проблеми, а сето тоа е поради стресот кој го трпат од недостатокот на разбирање на работното место.

Проблемот е во тоа што жените многу повеќе се натпреварувачки расположени кон другите жени, а не мажите. Уште поголем е проблемот ако шефицата во било кој момент и на било кој начин се почувствува загрозено, па со несоодветното однесување настојува да ги загрози и останатите позиции, амбиции и да се „пресмета со конкуренцијата“.

Истражувањата исто така покажаа дека жените шефици им даваат поголеми привилегии на машките работници, бидејќи им е поважно да се вклопат во нивната околина.

Економската ситуација не е погодна за давање на откази, затоа е потребно да пронајдете начин да излезете на крај со ваквите проблеми. Кавгите не доаѓаат во предвид, а деловните експерти советуваат дека љубезноста и пријателскиот настап се најпаметното решение, благодарение на кои таквата шефица можно е да ја загуби желбата за понатамошните напади.

Дали некогаш сте имале вакво непријатно искуство?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП