4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 400 милиони Kинези патуваат за време на кинеската Нова година

Повеќе од 400 милиони Kинези патуваат за време на кинеската Нова година

Во пресрет на кинеската Нова Година, која ќе се одбележи во првата недела во февруари, се очекува повеќе од 400 милиони луѓе да заминат на патување, покажуваат податоците на кинеските туристички агенции.

Според нивните податоци, Kинезите се почесто бараат семејни пакет аранжмани надвор од Кина, некој од нив пак ќе патуваат по градови низ Кина, на најразлични семејни собири, додека други заминуваат на патување надвор од земјата чисто поради прошетка, посочија од агенициите.

Според проценките на агенциите, околу 7 милиони ќе патуваат во странство за време на овој празник, најдолг одмор во Кина, објави „Ројтерс“.

Кинеска Нова година е прослава на почетокот на новата година според традиционалниот кинески календар. Прославата се нарекува и Празник на пролетта или Пролетен фестивал. Секоја година е на различен датум, а паѓа на првата млада месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта, па оттука датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според грегоријанскиот календар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП