13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбновливата енергија добива интензитет над јагленот

Обновливата енергија добива интензитет над јагленот

Новите ветерни и соларни централи, како и оние кои работат со биомаса ги заменија успешно централите на јаглен во 2018-та година, а овој процес е особено очигледен во земји како Германија, Франција и Велика Британија, пишува „Euractiv“.

Обновливата енергија продолжува да расте во изминатата година, достигнувајќи 32,3% од вкупното производство на електрична енергија во рамките на Европската унија, за два процентни поени повисока отколку во 2017-та година.

Вкупното производство од јаглен падна за 6% за целиот блок и сега изнесува 30 отсто, потврдувајќи го брзиот пад на јагленот во повеќето европски земји.

„Овој тренд се должи токму на растот кај обновливите извори на енергија во Германија и Велика Британија, како и на обновените хидроелектричните активности во Италија и Шпанија“, сметаат од „Agora Energiewende“ и „Sandbag“.

Генерално емисиите на јаглерод диоксид од енергетскиот сектор се намалени за 5% во 2018-та година, а основа улога во овој поглед е одиграна со запирањето на голем број централи на јаглен, најмногу во Германија и Велика Британија. Во Обединетото Кралство, уделот на електричната енергија произведена од јаглен е намален од 40% во 2012-та година до 5% во 2018-та година, додека во Германија нивниот удел достигна 13% во однос на 19 отсто во 2012-та година.

Двете експертски групи забележуваат уште дека износот на трошоците за производство на електрична енергија од обновливи извори е намален до таков степен што се изедначува со трошоците при производство со јаглен и природен гас.

Последните аукции на електрична енергија од ветерни и фотоволтаични централи во Германија се со цена од 45-60 евра за мегават-час, се вели во извештајот. Во тој поглед, цената на електричната енергија од обновливи извори е веќе во согласност со големопродажните цени во многу европски земји.

Од друга страна, цената на електричната енергија на јаглен се зголемува за 15 отсто, додека електричната енергија поврзана со гас се зголемува за 30 отсто во 2018-та година.

„Само за шест години вкупните емисии на јаглерод диоксид од централите на јаглен во Европа се намалиле со 250 милиони тони“, вели Дејв Џонс, аналитичар во „Sandbag“.

Прогнозите се дека уделот на јагленот во енергетскиот сектор на континентот и оваа година ќе продолжи да опаѓа со брзо темпо.

Се очекува дека во 2022-ра година Европа да има 30 гигавати од фотоволтаични електрани и цената на оваа електрична енергија ќе продолжи да опаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП